Има ли нешто повкусно од похован кашкавал или поховани маслинки и зденки? Одговорот е поховани фета залачиња кои се топат во уста.
Состојки:
- 400 гр фета
- 50 гр презла
- 1 јајце
- 1 лажица брашно
- масло
- зачини
Подготовка:
- Фета сирењето исечете го на коцки, јајцето изматете го и во него додадете зачини.
- Сирењето убаво поминете го во брашно, па во јајце, па во презла.
- Пржете на тава со масло додека не поруменат од двете страни.
- Забавата може да започне 🙂
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Полнет ананас со ориз и пилешко
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос
ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук