Вкусен ручек за целото семејство. Ако сте љубители на пилешкото месо, ви нудиме одличен специјалитет од кој „ќе ги излижете прстите“.
Состојки:
- 8 батаци
- 1 шолја шери домати
- 1 шолја маслинки
- 6 млади кромитчиња
- 150 гр фета
- 3 лажици масло
- зачини
Подготовки:
- Ставете ги пилешките батаци во тава со масло, па ставете ги шери доматите и зачините заедно со маслинките и печете околу 40 минути на 165 степени. Врз нив ставете ситно исечено кромитче.
- Декорирајте ја чинијата со фета.На здравје!
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Полнет ананас со ориз и пилешко
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос
ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук
Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки