Кајгана за појадок, кајгана за вечера, кајгана кога нешто набрзина треба да приготвиме… Тоа е јадење кое се прави во секој дом, а ние ви нудиме вкусен рецепт за една поинаква кајгана во која ќе уживате.
Состојки:
- 4 јајца
- 1 главица кромид
- 1 лажица лук во прав
- малку масло
- 3-4 парчиња леб
Подготовка:
- Парчињата леб ставете ги во чинија. На оган загрејте масло, па ставете ги парчињата со малку кромид за да ја впијат аромата.
- Изматете ги јајцата со зачини по желба, ставете го лукот во прав и малку масло.
- Направете ја кајганата на масло. Мора да биде мека кога ќе ја тргнете од оган.
- Ставете ја кајганата на парче леб, па поклопете со уште едно парче.
- Може да декорирате со шунка или растопен кашкавал.
Уживајте во јадењето и гответе со љубов 🙂
ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи
ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин
ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца