Потпечен зеленчук со сирење

Потпечен зеленчук со сирење

Ова е вкусен и здрав ручек на кој ќе се радуваат вашите најмили. Токму она што ни треба во летните денови. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 2 компири
  • 1 шолја карфиол
  • 1 шолја брокула
  • 1 шолја сирење
  • 2 јајца
  • масло

Подготовка:

  1. Компирот и тиквичката ги лупиме, па потоа ги сечеме на кругови. Додаваме малку сол и други зачини по желба. Ги вариме во тенџере неколку минути додека не омекнат.
  2. Ги цедиме компирите и тиквичката и ги ставаме во тава со малку масло.Сирењето, јајцата и малку масло се мешаат во еден сад додека не се добие густа смеса. Смесата се става врз компирот и тиквичката, па се додаваат брокулата и карфиолот
  3. кои претходно ќе ги свариме. Сè се полева со смеса од сирење и јајце.
  4. Печете околу 30 минути на температура од 180 степени.

Повеќе рецепти на Готви.Мк

Врап со туна кој се прави за 5 минути

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

singlepost_text