Ако го обожавате вкусот на зеленчук, Gotvi.mk ви препорачура да приготвите зеленчук на скара. Многу е вкусно, вкушност овој специјалитет има некој посебен шмек 🙂
Состојки:
- тиквички
- брокула
- карфиол
- морков
- модар домат
- бамја
- пиперка
- печурки
Начин на готвење:
- Зеленчукот измијте го убаво.
- Брокулата и карфиолот исчистете ги и исечкајте ги на поситни парчиња.
- Морковот, пиперката и печурките исецкајте ги на кругчиња.
- Модриот домат, тиквичките и бамјите пресечете ги по должина.
- Сè нека биде исечено на покрупни парчиња, но не премногу.
- Ставете ги на плотната од скарата која е пуштена на јак оган.
- Печете по вкус и сервирајте.
На здравје!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Индиски специјалитет во вашата кујна: Салата со куп зеленчук
Исхрана на децата: Еве колку овошје и зеленчук треба да јадат дневно
Топчиња со богат вкус: Ќофтиња со зеленчук
ВИДЕО: Во овој супермаркет купувачите сами го берат зеленчукот
Салата со многу зеленчук и кубети