Уште еден одличен рецепт со компири кој ни го испрати Марјан Велковски. Посно и многу вкусно, а еве кои состојки ви требаат и како да го зготвите.
Состојки и начин на готвење:
- 6-8 големи компири се мијат, лупат и сечат на крупни коцки.
- Кон нив се додаваат 3 главици кромид кои се крупно исечени.
- Се намрсуваат со масло за готвење.
- Зачинуваме со сол, црн бибер, кари и сусам.
- Ги редиме во длабоко тавче во кое додаваме 200 мл вода. Тавчето го покриваме со фолија.
- Се печат 30 минути на температура од 250 степени.
- Потоа, отстранете ја фолијата и печете дополнителни 20 минути додека компирите не заруменат.
За повеќе посни и вегетаријански рецепти тука
Замена за пржење: Репецт за подготовка на крцкави компири во тава тука
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Турски специјалитет – рецепт за вртена пита со месо и компири