Идеја за ручек: Солени палачинки со многу месо

Идеја за ручек: Солени палачинки со многу месо

Солените палачинки имаат одличен вкус, а кога се со месо, вкусот за некого е уште подобар 🙂Овој ручек со сигурност ќе го собере целото семејство на трпеза.

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • 2 јајца
  • сол
  • 150 мл минерална вода
  • брашно
  • 300 гр мелено месо
  • главица кромид
  • домат
  • пиперка
  • бибер
  • лук
  • масло
  • оригано

Подготовка:

  1. Изматете ги млекото, јајцата и минералната вода во сад, потоа ставете сол и брашно и матете додека не добиете смеса за палачинки.
  2. Печете ги палачинките на тава премачкана со масло.
  3. За филот издинстајте ги кромидот, пиперката и меленото месо, а откако тоа ќе почне да ја менува бојата, додајте го и доматот и лукот. На крајот зачинете.
  4. Со смесата филувајте ги палачинките и послужете ги со гарнир од домат и краставица.
  5. Пријатен ручек!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text