Ако сте љубители на свинското месо, ова е совршен ручек за вас.
Состојки:
- 1 кг свинска кртина
- 1 кг компири
- 250 мл вода
- сол
- бибер
- вегета
- црвен пипер
Начин на подготовка:
- Месото се сече на коцки , компирите се лупат и сечат на коцки и сè се става во тава со масло.
- Се додаваат зачините, се става водата, па се покрива со фолија.
- Се пече околу 2 часа на температура од 200 степени.
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Брзо и посно: Печурки со сусам