Јужнокорејска компанија лансираше во петокот сладолед за трезнење наречен Gyeondyo, што во превод значи „држи се“, a според компанијата е создаден специјално за справување со ефектите од мамурлакот.
Населението во Јужна Кореја е најголемиот потрошувач на алкохол во Азија, најчесто се консумира групно, со 12,3 литри по глава на жител, според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО- WHO) од 2014 година.
Во оваа земја на лекувањето мамурлак годишно се трошат дури 126 милиони долари, на препарати од таблети до напивки и козметички производи. Во јужнокорејските ресторани традиционално се послужува и супа за мамурни.
Сладоледот има вкус на грејп и содржи 0,7 отсто сок од ориенталното бонбон дрво, познато и како „јапонско суво дрво“, кој е традиционален корејски лек против мамурлакот од XVII век.
Скапо ви е 20 денари за топче? Погледнете ја цената на овој сладолед
Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)
Прочитај интересни Gotvi.mk рецепти:
ВИДЕО: Сладолед од кокос и боровница – неодолив домашен рецепт
Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки
ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед
Умереното јадење сладолед не дебелее и е позитивно за здравјето
Брзо и освежително: Смути од шумски плодови
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси
Преземено од Скај Мк