Направете вкусни плескавици од тиквички кои се одлични како предјадење за секој ручек или како мезе со пријателите. Еве како да ги приготвите:
Состојки:
- 1 компир
- 3 тиквички
- 3 јајца
- 1/2 главица кромид
- 300 гр сирење
- масло
- презла
- сол
- бибер
Подготовка:
- Сварете го компирот, па ситно исечете го откако ќе се излади.
- Во меѓувреме измешајте ги во садот кромидот, сирењето, презлата и тиквичките, па додадете ги компирите.Мешајте со лажица додека да се соедини и добие компактна смеса. Зачинете по вкус.
- Со рака направете плескавици и ставете ги во сад со брашно и сад со јајца.
- Пржете во тава на масло околу пет минути.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек