Овој многу вкусен рецепт ни го праќа Ива која за него се инспирирала од Кујната на Џејми Оливер. Еве како да подготвите пилешко со паста и песто сос.
Состојки:
- 180 грама пилешко месо
- 5-6 чешниња лук
- 20 шери домати
- 250 грама боранија
- тврди јуфки или сечени лазањи за 4 лица
- бејби спанаќ
- зачини
- масло за готвење
- чили по избор
- песто
- пармезан
Начин на готвење:
- Пилешкото месо се става на мрсна хартија и се зачинува со сол, црн пипер и рузмарин. По вкус можете да додадете и семки од анасон.
- Месото се витка во хартијата и со сукало се тапка со цел да се впијат зачините во самото месо. На овој начин подебелиот крај се изедначува со потенкиот во облик на шницли.
- Во тавче за готвење се става масло и откако ќе се загрее во него ги ставаме парчињата месо. Се пече на средна температура помеѓу 7 и 8 минути.
- Во тавчето се додаваат чешнињата лук, а по вкус можете да додадете и малку чили.
- Месото се превртува неколку пати, а 5 минути пред крајот се додааат шери доматите кои се претходно добро измиени и пресечени на половинки.
- Боранијата (свежа исчистена или замрзната) се става во сад со врела вода. Се остава да се вари помеѓу 4 и 10 минути.
- Откако ќе се сварат, во истиот сад се додава пастата (тврди јувки или сечени лазањи).
- Пред самиот крај на варењето се додава малку бејби спанаќ и неколку мали лажички песто. Се сервира со песто сос и пармезан.
На здравје!
Поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Полнет ананас со ориз и пилешко
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос
ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук