Компирот е речиси незаменлива намирница затоа што се комбинира со многу јадења, а и не постои личност која не го јаде. Ви откриваме 10 начини на кои можете да го приготвите овој вкусен зеленчук.
- Печен компир – направете доволно место во тавата затоа што во спротивно компирот нема да може да се испече од сите страни и нема да постигнете крцкав вкус. Компирите е пожелно да бидат со иста големина, за рамномерно да се испечат.
- Пржените компири приготвите ги со многу малку масло затоа што така ќе добиете вкусен прилог кој не е штетен за здравјето. Но, важно е и да користите соодветно масло кое може да се загрева на високи температури.
- Варен компир – најдобро е да го варите заедно со лушпата. Водете сметка да не ја пресолите водата во која се вари затоа што компирот лесно ја впива солта.
- Запечен компир – на овој начин ќе добиете фин и кремаст компир. Исечете го компирот на кругчиња и прелијте со малку масло, путер и сусам.
- Крофна – компир – Компир во облик на крофна? Во прашање е сладок компир кој се сече во облик на крофни. Избоцкајте го со вилушка и ставете го 10 минути во микробранова печка на најсилна температура.
- Крокети – изрендајте или испасирајте сварен компир и помешајте го со брашно и јајца. Од смесата направете вкусни крокети и испржете ги во врело масло.
- Гулаш – компирот е неизоставен дел во скоро сите варива. Во текот на приготвувањето внимавајте да не го преварите зашто може да се распадне.
- Помфрит – по мислењето на многумина можеби е највкусната варијанта на компирот. Но, според други и најмалку здрава. Пред да го исечете компирот, оставете го половина час да отстои во вода и да го испушти вишокот на скроб, а после пржењето ставете го на хартиена салвета да се впие вишокот на масло.
- Пирето е најлесно за правење, а постојат неколку начини за негова подготовка. Додавањето малку млеко, зачинал и путер ќе го направи пирето многу повкусно.
- Полнети компири – еден од начините на приготвување е да го пресечете компирот на половина и да направите дупки на средината каде ќе ставите фил по ваша желба. Ставете ги во рерна и испечете ги.
Прочитајте топ 10 Gotvi.mk рецепти во кои се употребува компир ТУКА
Поврзани вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин