Тестенините се брзи се за подготовка, а најважно од сè, може да се прават на милион начини така што вкусот никогаш нема да ни здодее.Овој пат ви нудиме сос со сланина кој е идеален за сите гурмани.
Состојки:
- 1 кромид
- 1/2 чешне лук
- 250 гр сланина
- 500 гр шпагети
- 2 јајца
- сол
- бибер
- масло
- зачини по желба
Подготовка:
- Се ставаат шпагетите да се сварат според упатството на кесичката, а во меѓувреме на тава се пржи кромидот со лукот и сланината.
- Откако ќе бидат готови шпагетите, се цедат, а потоа врз нив се ставаат матените јајца и зачини.
- Одозгора ставете ја смесата од кромид, лук и сланина и убаво промешајте. Сервирајте во чинии.
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка