Полнети пиперки по одличен рецепт

Полнети пиперки по одличен рецепт

Ако сакате да ги изненадите домашните или вашите гости, освен на вкус, направете и ручекот да изгледа перфектно. А, малиот трик се состои во тоа што ќе користите пиперки во различни бои 🙂

Состојки:

  • 1 кромид
  • 6 лажици ориз
  • 750 гр јунешко или мешано мелено место
  • 2 домати
  • 10 пиперки за полнење
  • магдонос
  • масло за готвење
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Кромидот се сецка и се пропржува во таво на масло за готвење
  2. Го додаваме оризот, како и јунешкото мелено месо. Пржиме сè заедно 15 до 20 минути.
  3. Зачинуваме со сол и бибер по желба, а ги додаваме и ситно изренданите или смелени домати. Како алтепнатива можете да користите и пире од домати. Пред да биде зготвена, во смесата додаваме и магдонос по вкус.
  4. Во меѓувреме подготвуваме 10тина пиперки кои ги длабиме и чистиме од семките.
  5. Пиперките ги полниме со направената смеса од месо, а секоја пиперка ја затвораме со парчиња домат.
  6. Ги редиме во тава за печење. Додаваме малку вода и печеме околу 1 час на температура од 200 степени.
  7. СОВЕТ: За подобар вкус и изглед одозгора ставете цели ливчиња од магдонос.

Повеќе различни рецепти со мелено месо тука

Повеќе разноврсни рецепти во кои употребивме и пиперки тука

Повеќе кулинарски совети и трикови тука

Многу сочно и вкусно. На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Бесплатни хамбургери? Би платиле ли 95 илјади денари за најскапиот бургер во светот?

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text