Рецепт со кој ќе направите промена во секојдневното мени. Еве како да ја приготвите оваа фокача:
Состојки:
- 500 гр брашно
- 1 сув квасец
- 350 мл вода
- 10 маслинки
- 3 лажици путер
- 5 лажици масло
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
Подготовка:
- Во сад се мешаат брашното, квасецот, солта, шеќерот и постепено се додава водата. Се прави тесто и се меси додека стане нелепливо.
- Откако ќе нарасне тестото (околу 45 минути), повторно замесете го, и оставете повторно да нарасне. Ставете го во тава за печење и додадете ги маслинките над него.
- Премачкајте со путерот кој претходно сте го стопиле и наросете сол.
- Печете на температура од 220 степени околу 20 минути.
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици
ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута
Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат