Одличен ручек кој ќе го приготвите брзо и никој нема да остане рамнодушен. А, и возрасните исто, додава Ива која ни го испраќа овој рецепт.
Состојки:
- 400 гр мелено месо
- 5 мали лепчиња за сендвичи
- 2 домати
- 1 црвен кромид
- 3 лажици павлака
- 2-3 лажички Ворчестер сос
- 5 парчиња кашкавал
- магдонос
- кисели краставички
- сол
- бибер
- масло за готвење
Начин на готвење:
- Меленото месо ставете го во длабок сад и додадете му малку сол, бибер и масло за готвење. Измешајте додека сè да се соедини и добиете компактна смеса. Оставете го месото да отстои во фрижидер околу 30 минути.
- Формирајте 5 плескавици и ставете ги во тава со малку масло да се испржат од двете страни. Неколку минути пред да бидат готови, врз секоја плескавица ставете по едно парче кашкавал да се растопи. Доколку можете, плескавиците испечете ги на скара.
- Во меѓувреме исечете ги лепчињата на пола и во секое лепче ставете по една плескавица.
- Доматите, кромидот и краставичките исечете ги на кругчиња и ставете ги во посебни чинии за сервирање.
- Направете сос од павлаката и Ворчестер сосот. Измешајте убаво додека да се соедини и добие чоколадна боја. Сервирајте во посебен сад на трпезата.
Ива вели дека посебно доживување е тоа што секој по желба ги додава останатите намирници во својот сендвич.
Викендот е пред вас 🙂 На здравје!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Бесплатни хамбургери? Би платиле ли 95 илјади денари за најскапиот бургер во светот?
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна