Сите зборуваат за семките од лубеница, но прочитајте колку се здрави семките од диња

Сите зборуваат за семките од лубеница, но прочитајте колку се здрави семките од диња

Веќе пишувавме дека семките од лубеница помагаат при многу болести и дека се корисни многу за нашето здравје. Но, прочитајте колку се важни здрави семките од дињата:

Дињата е нискокалорично овошје кое изобилува со витамини и минерали и содржи голем процент вода, што ја прави идеално овошје за освежување за време на летните топли денови. но, најздравиот дел од дињата завршува во корпата за отпадоци, бидејќи го отстрануваме и фрламе.

Во Индија, семките од диња се најдрагоцен дел од ова овошје и се користат во секој дом.

По отстранувањето на средиштето на дињата, влакната заедно со семките се сушат на хартија, а по сушењето влакната се одвојуваат од семките. По овој процес потребно е добро да ги измиете семките под силен млаз вода, да ги исушите и да ги складирате.

Семките од диња се богати со протеини, омега-3 масни киселини, витамини и влакна. Според традиционалната индиска медицина, семките од диња имаат разладувачки ефект и се идеални за јадење на лето.

Во Индија, мелените семки од диња се додаваат во lassi (напивка од јогурт) и thandai (ладно млеко со зачини), а цели семки се додаваат во слатки и алва. Се додаваат во леб и печива, но и во торти и колачи. Можат да се јадат и како здрави грицки.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Нема веќе нервози во кујната – исчистете ги семките од лубеница за две минути

Изобилство на витамини во чаша – грижете се за здравјето

Дињата како лек – Свежина и здравје во летните денови

Внесете здравје во домот: Куркумата е лек за 100 болести

Тава полна здравје

Идеален појадок за викендот: Шарено смути за ден полн енергија

Саси вода – пијалок за детоксикација на организмот на горештините

Ова масло е универзален лек: Рецепт кој ќе го направите во кујна

singlepost_text