Папардели паста со песто од ореви и рукола

Папардели паста со песто од ореви и рукола

Свеж и вкусен фамилијарен ручек кој ќе го освои целото семејство. Инспирирајте се во Delicatessen Tinex 🙂

Состојки (4-6 лица):

  • 3/4 шолја ореви
  • 4 китки рукола
  • 3/4 шолја маслиново масло
  • 1/2 лажичка ситно рендан лук
  • 1/2 шолја рендано сирење Parmigiano-Reggiano
  • сол
  • црн бибер
  • 350 гр папартели
  • 1 тенко сечкана тиквичка
  • 3 лажици свеж сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Потпечете ги оревите на умерено тивок оган додека не добијат златна боја. Ситно исечкајте 1/2 чаша од оревите, а останатиот дел исечкајте го на покрупни парчиња.
  2. Изблендајте 2 чаши рукола; ставете ја руколата во голем сад и измешајте со 3/4 чаша маслиново масло, лук, рендано сирење и ситно сечкани ореви. Во смесата додадете сол и црн пипер.
  3. Во голем сад со солена вода што врие, пригответе ги папарделите al dente. Исцедете ги  тестенините и додадете ги во садот со песто. Додадете ги тиквичките и мешајте додека пестото не се распредели подеднакво.
  4. Додајте го сокот од лимон, останатите 2 чаши рукола и зачинете со сол и црн бибер.
  5. Сервирајте ги тестенините  во чинии, додадете малку маслиново масло и декорирајте со сечканите ореви и сирењето.

На здравје!

ФОТО: Delicatessen Tinex

Рецепт за десерт со јагоди и крем сирење прочитај ТУКА