Малку состојки, малку труд, а многу вкусен појадок за вашите најмили. Послужете го со јогурт и сирење и верувајте, сите ќе ви дадат пофални критики.
Состојки:
- брашно
- јајце
- 200 мл јогурт
- 1 лажица кисела павлака
- 1 прашок за печиво
- сол
Начин на подготовка:
- Јајцето, павлаката и јогуртот изматете ги заедно. Полека додавајте брашно додека да добие потребна густина (додека тестото не стане како тесто за пита), прашок за печиво и малку сол.
- Извадете парчињаод тестото, развлечете ги и пржете ги во масло.
- Послужете со јогурт, сирење или друго по вкус.
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта