Исхрана на децата: Еве колку овошје и зеленчук треба да јадат дневно

Исхрана на децата: Еве колку овошје и зеленчук треба да јадат дневно

Здравјето на децата е најголемиот приоритет како на родителите, така и на надлежните институции во земјава. Но, колку овошје и зеленчук треба децата да јадат секој ден?

Одговорот е 5 пет порции овошје и зеленчук на ден. Прочитајте го распоредот:

Пример за овошје: (2 јаболка) или (2 чаши јагоди) или (2 праски) или (2 чаши незасладен сок од овошје) или (1 чаша сок од овошје и едно цело овошје), може и други комбинации на овошје во зависност од сезоната.

Пример за зеленчук: (2 домати + 1 еден морков) или (2 моркови + 1 чаша сок од домати) или (1 краставица+ една порција грашок) или (1 чаша ротквици + 1 домат) или (една порција зелена салата +1 чаша незасладен сок од домати) и слично во зависност од изборот.

Комбинирајте според вкусот и желбите, но секогаш јадете свежо овошје и зеленчук добро измиено со чиста вода.

Овошјето и зеленчукот во смрзната состојба исто така се корисни.

Ако јадете повеќе од три порции ваква храна (салата или овошје), тогаш го зголемувате и внесот на витамини и минерали кои како што рековме секојдневно ви се потребни.

Распоред на јадење: За да ги задоволиме препорачаните дневни потреби од зеленчук и овошје децата треба да јадат по една порција зеленчук или овошје при секој појадок, ручек и вечера и секако по една порција за ужина. Тоа не е тешко само треба да пробаме, потоа се е навика, без овошје и зеленчук нема да можеме да го замислиме нашиот оброк, појадок, ручек или вечера.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Направете смути од портокал кое децата ќе го обожаваат

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Појадувајте и ќе слабеете – Еве како да го забрзате метаболизмот

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

 

Извор: Брошура „Здрава исхрана за деца од основно училиште“

singlepost_text