Сите уживаме во вкусот на добро подготвени ќофтиња, а доколку во нив се додаде и зеленчук, вкусот е уште побогат. Еве супер идеја за ручек:
Состојки:
- 2 јајца
- 1 компир
- 2 тиквички
- 3 моркови
- 4 лажици брашно
- 1 печиво
- малку магдонос за шмек
Начин на подготовка:
- Тиквичките се лупат, се рендаат и посолуваат, а откако ќе отстојат десетина минути, се цедат и се мешаат со изренданиот морков.
- Во длабок сад се става и излупениот и изрендан компир, заедно со морковот, јајцата тиквичките, брашното, малку сечкан магдонос, печивото и малку сечкан магдонос. Сè се меша и се обликуваат ќофтиња.
- Се пржат на тава со масло, па се ставаат на салфета да ја впие маснотијата.
- Може да ги послужите со тестенини или компирчиња.
Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек