Шпагети во сос од мелено месо – гурманите знаат што е добро

Шпагети во сос од мелено месо – гурманите знаат што е добро

Направете вкусни шпагети болоњезе кои ќе ви станат омилен оброк. Ви требаат малку време и намирници за вкусен ручек на маса.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 кг домати
  • 500 гр шпагети
  • 100 гр кашкавал
  • сол
  • бибер
  • масло
  • други зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Најпрво ставете ги на тава со масло да се пржат кромидот, морковот и доматите (претходно ситно исечкани).
  2. По неколку минути, во садот се додава и меленото месо заедно со зачините.
  3. Во меѓувреме, во друго тенџере ставете ги да се варат шпагетите во солена вода, а според упатството на кесичката. Кога ќе бидат сварени, исцедете ги шпагетите и сервирајте во чинии.
  4. Издинстаниот сос се става врз тестенините во секоја чинија.
  5. Одозгора изрендајте кашкавал

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

singlepost_text