Направете вкусно пилешко месо со кое ќе го изненадите партнерот. Одлично оди со чаша вино.
Состојки:
- 2 парчиња стек
- 200 мл вода
- 2 лажици путер
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 80 гр презла
- 2 лажици пармезан
- 2 лажици вегета
- 1/2 лажица оригано
- 2 лажици црвен пипер
Начин на подготовка:
- Во сад на оган ставете ги водата, вегетата, стопениот путер и ориганото. Нека зоврие, по што продолжете да варите уште неколку минути.
- На парчињата стек наредете ги кашкавалот и шунката, завиткајте ги во ролат и зацврстете со чечкалици.
- Така подготвени ставете ги во смесата во садот, па убаво поминете ги во претходно измешаните презла, пармезан и црвен пипер. Ставете ги на намачкана тава со маслиново масло да се печат во рерна.
- Се пече околу 45 минути на 200 степени.
Поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Печени тиквички со пилешко и зеленчук
Полнет ананас со ориз и пилешко
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос
ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук