Роза баклава по најдобар рецепт

Роза баклава по најдобар рецепт

Дрита Хаџихамза ни испраќа рецепт за неодоливата Рози или Ѓул баклава, а која ја приготвила за време на празнувањето на Рамазан Бајрам. Таа ни го открива рецептот:

Состојки за шербет:

  • 6 чаши шеќер
  • 7 чаши вода
  • сок од лимон

Водата и шеќерот се мешаат, се вари шербетот и се додава сокот од лимон, а откако ќе се згусне се отстранува од топлина.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1/2 чаша млеко
  • 1/2 чаша вода
  • 1 шолја масло за готвење
  • 1,5 шолја брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • сок од половина лимон
  • 1 лажица масло од сусам
  • сол
  • 200 гр путер
  • 1 чаша растително масло

Баклава Рози Хаџихамза 2

Начин на подготовка:

  1. Јајцата, млекотo, водата и маслото од сусам се мешаат во сад, а потоа постепено се додава брашното и  малку сол, како и останатите состојки за да се добие конзистентнa каша.
  2. Тестото се поклопува со влажна крпа и се остава 3-4 часа.
  3. Откако ќе отстои тестото, се формираат топчиња со големина на портокал.
  4. Тестото се отвара со сукало и се сече на 4 дела (во форма на крст) за да се добијат 4 триаголници.
  5. Триаголниците се полнат со фил од орев и нишесте.
  6. Се пече на рерна на 180 степени додека да зарумени и се прелива со шербетот.

Начинот на формирање на баклавите погледнете го во видеото: https://www.youtube.com/watch?v=Ouc8AxbKfDs

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Баклава со вишни по одличен рецепт

Чоколадна баклава

Баклава

Чоколадна фантазија: Рецепт за познатите Моцарт кугли

Брз колач: Десерт готов за миг

Направете ја познатата Твикс торта со само три состојки

Чајни колачиња со мармалад

Ситни колачи – радост за сите генерации

singlepost_text