Летна мусака со тиквички – Прсти да излижеш

Летна мусака со тиквички – Прсти да излижеш

Леона го направи својот кам бек на Gotvi.mk со оваа неодоливо вкусна мусака со тиквички. Еве како да ја приготвите:

Состојки:

  • 1 модар домат
  • 2 тиквички
  • 150 гр козји кашкавал
  • 200 гр свежи шампињони
  • 1 павлака за готвење
  • сол и лукче по вкус
  • масло за јадење

Летна мусака 1

Начин на готвење:

  1. Измијте ги убаво модриот домат, тиквичките и шампињоните. Во подмачкана тава со масло за готвење, наредете го модриот домат исечкан на рамномерни кругови.
  2. Одозгора наредете го козјиот кашкавал на ситни парчиња, ситно сечканите свежи печурки, како и малку свежо лукче и зачини по вкус.
  3. Наредете ги тиквичките исечкани на рамномерни тркалца. Истурете ја одозгора павлаката за готвење рамномерно на целата површина.
  4. Печете 30тина минути во рерна на температура од 180 степени.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Една поинаква мусака

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Плескавица во пица лепче со кајмак

Мусака на коцки

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо

singlepost_text