Колку вкусно мезе: Ќофтиња од тиквички

Колку вкусно мезе: Ќофтиња од тиквички

Зорица вели дека овие тиквички ги прави како мезе за гости или како лесна вечера за целото семејство. Ние го пробавме нејзиниот рецепт и резултатот е навистина вкусен 🙂

Состојки:

  • 1 поголема тиквица
  • 2 моркова
  • 2 компира
  • 2 јајца
  • 6 супени лажици брашно
  • 1/2 прашак за пециво
  • магдонос по вкус
  • сол, црн бибер и други зачини по желба

Начин на готвење:

  1. Зеленчукот се ренда и се меша со останатите состојки додека се соедини смесата.
  2. Ги ставаме да се пржат на врел зејтин така што од смесата со супена лажица се зема ќофтето и се става во зејтинот да се испржи.
  3. Овие кофтиња се совршени да се послужат со сос од павлака.

Основната смеса по желба може да се смени и да се додадат сувомесни производи, праз, печурки, сирење, кашкавал итн.

Во зависност од вашата желба, животен стил, инспирација или моментална креативност 🙂

Уживај во храната и готви со љубов!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Идеја за ручек: Тиквички со сирење

Вкусна ручек идеја: Уштипци од тиквичка – топло ви ги препорачуваме

Полнети тиквички – со овој рецепт летово ќе ги правите секој ден

Лесен и здрав оброк во летните денови: Динстани тиквички со пченка

Изненадете го семејството со полнети запечени тиквички

Совршен летен рецепт: Соберете го семејството на трпеза со лазања со тиквичка

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

singlepost_text