Сите уживаме во вкусот на добро подготвен гулаш, а во комбинација со тестенини кои сите ги обожаваме, задоволството е уште поголемо 🙂
Состојки:
- 500 гр јунешко месо
- 500 гр макарони
- 2 главици кромид
- 1 пиперка
- 1 домат
- 500 мл говедска супа од коцка
- 3 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 1 лажица буковец
- сол
- магдонос
Начин на подготовка:
- Месото се става во тенџере, а во меѓувреме буковецот и солта ги мешаме во сад и ги додаваме во тенџерето. Ситно ги сечеме пиперката и кромидот, па ги додаваме во месото.
- Во друго тенџере ја ставаме супата со лукот и доматот да врие, па ја ставаме врз гулашот.
- Смесата се вари 3 часа, па се додава брашното и малку вода.
- Во друго тенџере со солена вода ставете ги тестенините. Откако ќе се сварат исцедете ги и ставете ги на чинија за сервирање како прилог.
- Откако ќе се свари гулашот и од него ставете во чинијата и декорирајте со ситно сецкан магдонос.
Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка