Компирот, освен што е многу вкусен, во историјата спасил од глад цели народи и нации. Еве како да подготвите бакалски компир.
Состојки:
- 1 кг компир
- семки од сончоглед и тиква
- сусам
- маргарин/путер
- маслиново масло
Начин на готвење:
- Компирот се лупи и се сече по ширина, но не целосно до крај (како на фотографијата). Ставете во стаклен сад за печење.
- Основата треба да остане цела , посолуваме, ставаме бибер и дтуги зачини по желба.
- Одозгора се става сончоглед, семки од тиква и сусам.
- Одозгора ставете малку маслиново масло и сосема малку маргарин/путер врз секој компир.
- Ставете малку вода во садот и печете околу 45 мин во загреана рерна на температура од 220 степени додека да омекне.
Готви со љубов и донирај храна секогаш кога можеш!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин