„Пивофест 2016“ завршува вечерва со настапот на групата „Парни Ваљак“. Во текот на денешниот ден, градоначалникот на Прилеп излезе со информација дека на вчерашниот концерт на Аца Лукас присуствувале 100.000 луѓе од градот, Македонија, регионот, па дури и од прекуокеанските земји, како и дека во Прилеп влегле 20.000 возила.
Во текот на следните денови, ја чекаме информацијата колку пиво се испило и колку скара се изело во текот на целиот „Пивофест 2016“.
Инаку Прилеп, покрај по пивото, е познат и по одличната прилепска скара.