Ова сигурно не го знаете: Како да препознаете природен мед?

Ова сигурно не го знаете: Како да препознаете природен мед?

Со помош на овие неколку трикови со леснотија ќе препознаете вистински природен мед. Не наседнувајте и внимавајте бидејќи се работи за една од најздравите намирници на светот.

1.Читањето на составот на теглата мед е чекор кој помага при избор на квалитетен чист мед кој во себе не содржи адитиви. Произведувачите мора да го назначат составот на медот и неговиот процент.

2.Природниот мед не е леплив, тестирање е можно доколку малку мед протриете низ прстите, вистинскиот мед би требало да се впие во кожа

3.Неколку лажици мед ставете во сад и потоа загрејте го на висока температура во микробранова печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенест и преполн со меурчиња.

4.Неколку капки мед на салфетка исто така може да ја откријат чистотата на медот, имено доколку медот по некое време не ја пробива хартијата значи дека е чист. Во спротивно, оној кој содржи вода во својот состав ќе ја пробие салфетката за само неколку секунди.

5.Ставете малку мед во близина на мравки, доколку е природен мравките ќе го избегнат.

6.Водата измешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот, имено чистиот мед во вода ќе падне на дното од чашата и ќе се згрутчи, додека лажниот ќе почне да се топи.

7.Боцкање во устата предизвикува чистиот мед, додека лажниот нема такво дејство на непцата.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена

Сос од сенф и мед

Медени срца

Крцкаво печени ребра премачкани со сос од мед

Палачинки со мед и ореви

 

Преземено од Скај.мк