Ива ни го испраќа најдобриот рецепт за ражнич. Таа вели дека дека највкусно се прави со месо од свинска плешка, како и кромид, домат и пиперка кои дополнително ќе им дадат свежина и сочност на ражничите. Исто така, ќе ви бидат потребни и стапчиња за ражничи.
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на средно големи коцки.
- Кромидот исечкајте го на покрупни парчиња, истото направете го и со доматите и пиперките.
- На стапчињата наредете парче месо, зеленчук, па повторно месо и повторувајте ја постапката. Печете на скара по ваш вкус.
На здравје!
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Ражничи од зеленчук и виршли – сензационален вкус
Брз видео рецепт: Слатко – солени коктел ражничи
СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар