Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Летото е период кога сакаме да готвиме вкусни јадења, но да поминуваме колку е можно помалку време во кујната. Готви.мк ви претставува еден таков рецепт кој ни го испраќа Биљана.

Состојки:

  • 10 парчиња леб
  • 50 гр маргарин
  • 250 гр кашкавал
  • 5 јајца
  • 1/2 шолја млеко
  • 20 парчиња Пекабеско кулен
  • сол
  • бибер
  • масло за готвење

Летен појадок лепчиња со кашкавал и кулен во тава 2

Начин на подготовка:

  1. Тавата за печење ја подмачкуваме со масло за готвење. Ги редиме лепчињата по целата површина, а ги пополнуваме со парчиња леб сите празнини кои ќе се појават.
  2. Врз лепчињата ставаме парчиња маргарин рамномерно распоредени по целата површина. Биљана употребила маргарин и масло на Дијамант.
  3. Кашкавалот го рендаме и го нанесуваме врз лепчињата со маргарин.
  4. Во сад рачно ги матиме јајцата. Ги зачинуваме по вкус и им го додаваме млекото. Ја истураме смесата рамномерно.
  5. Ставете да се пече на температура од 180 степени додека не порумени. Извадете ја тавата и додека е топло наредете ги парчињата Пекабеско кулен.

Сервирајте го топло и очекувајте сите да ви побараат репете 🙂

На здравје!

singlepost_text