Ви здодеа од готовите јадења? – направете пилешка чорба со кисело млеко

Ви здодеа од готовите јадења? – направете пилешка чорба со кисело млеко

Ако ви здодеа од сувите и готови јадења, сè што ви треба се пилешки крилца за вкусна и здрава чорба во вашиот дом 🙂

Состојки:

  • 1 кг пилешки крилца
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1-2 лажици вегета
  • црн пипер
  • 1 јајце
  • 1 кисело млеко
  • 1 лист ловор
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пилешките крилца претходно ги вариме во малку посолена вода.
  2. Исечканите кромид и моркови се пропржуваат на масло, се додава брашното, малку се пропржува. На крај додадете го црвениот пипер.
  3. Кон ова се додава претходно сварените пилешки делови заедно со водата, се додаваат зачините по вкус и се остава да поврие неколку минути.
  4. Се трга од оган, се мати јајцето и во него се додава киселото млеко. Го разбиваме заедно со јајцето и го додаваме во сварената чорба заедно со ловоровиот лист.
  5. Промешуваме и на крај додаваме свежо сечкан магдонос.

 Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text