Има милион начини да се приготват тестенини, а овој сос ќе биде супер промена за љубителите на италијанската кујна.
Состојки:
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 конзерва туна
- 1 мала павлака за готвење
- 500 гр макарони
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Се варат макароните во солена вода според упатството на кесичката, а во меѓувреме во тава се пржат кромидот и лукчето кои претходно треба да бидат ситно сецкани.
- Се додава туната, а откако сè ќе се пропржи, се додава и павлаката за готвење.
- Откако се ќе се соедини, зачинете и посипајте ја смесата врз макароните.
Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка
Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак