Рецепт за летно бурито со пилешко

Рецепт за летно бурито со пилешко

Ивана ни испраќа вкусен рецепт за подготовка на летно бурито со пилешко месо. Брзо, вкусно и неодоливо 🙂

Состојки:

  • 8 тортиљи
  • 1 кг пилешки гради
  • 10 зелени пиперки
  • 3 домати
  • пченка
  • сенф
  • кашкавал
  • сол, мешан зачин, бибер
  • 2 главици кромид (по желба)
  • 1 тиквичка (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо ставете го во тенџере со вода на оган и варете додека убаво не омекне. Процедете и исечкајте ги на ситни коцки.Варено пилешко за летно бурито
  2. Зелените пиперки исечкајте ги на кругови и ставете ги во тава со загреано масло. Откако пиперките ќе се запржат и омекнат, додадете ги коцките варено пилешко месо и заедно пржете ги додека месото малку не зарумени.Пченка пиперка и пилешко месо за летно бурито
  3. Посолете, додадете мелен бибер и малку мешан зачин. По желба, во смесата може да додадете претходно испржени, мали коцки тиквички, процедени од масло.
  4. Готовата смеса тргнете ја од оган, процедете ја од маслото на ситна цедалка и оставете ја да се олади. Во изладената смеса додадете ја пченката и измешајте.
  5. Доматите исечете ги на половина, а потоа на тенки кришки. Изрендајте го кашкавалот, а по желба, кромидот исечете го на тенки кругови и одвојте ги прстените.
  6. Земете една тортиља и премачкајте ја со сенф. Во средина на тортиљата ставете од претходно подготвената смеса од пиперки, пилешко месо (тиквички) и пченка. Врз неа наредете неколку парчиња свеж домат (прстени свеж кромид) и ренданиот кашкавал. Убаво завиткајте ја тортиљата.
  7. Истата постапка повторете ја со останатите тортиљи.

Летна тортиља 2Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк:

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

Салата со рукола и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО:  Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Pad Thai со пилешко

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text