Направете необичен и многу вкусен колач со црно вино. Еве го рецептот:
Состојки:
- 250 гр брашно
- 100 гр какао
- 2 јајца
- 200 гр шеќер
- 1 лажица ванила
- 1/2 лажиче сол
- 1 лажичка сода
- 250 гр путер
- 300 мл црвено вино
Начин на подготовка:
- Во сад се мешаат брашното, какаото и солта со содата.
- Во друг сад настрана се мешаат путерот и шеќерот. Откако ќе се соедини смесата се ставаат и јајцата и се мати.
- Додајте го и ванилиниот шеќер и матете со миксерот уште кратко.
- Се соединуваат смесите и се додаваат виното и останатите состојки. Измешајте додека да добиете компактна смеса.
- Ставете во сад или модла за печење и печете околу 45 минути на температура од 180 степени.
Сигурно не сте слушнале за овој рецепт но ќе ви стане омилен: Поховани банани
Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела
Напиток кој заменува 100 стомачни
Ви здодеа од кафето? – Банана и кикиритки, нешто различно во кујната
Напиток кој го менува денот -Смути од кафе и банани