Нов и неодолив рецепт во кујната – Чоколаден колач со Гинис

Нов и неодолив рецепт во кујната – Чоколаден колач со Гинис

Од британската кујна, а по неодоливо вкусен рецепт на Шеф Маре Јаневска го издвојуваме овој неодолив колач. Овој десерт беше подготвен за време на часовите по готвење во рамките на проектот Кулинари.

Состојки:

  • 250 мл Гинис (пиво)
  • 75 грама путе
  • 1 лажица какао во прав
  • 400 гр шеќер
  • 142 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 275 гр брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1 лажиче ванила екстракт

Состојки за подготовка на крем:

  • 150 гр путер
  • 150 мл кисела павлака
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила екстракт

За подготовка на ова јадење потребно ви е жица за матење, калап за печење на колачот и длабок сад за подготовка на кремот.

Начин на подготовка:

  1. На загреана рингла во тенџере ги загревате пивото, шеќерот и путерот. Кога добро ќе се загреат го додавате какаото и добро промешувате да не се создадат грутки. Пред да почне да врие го тргате на страна.
  2. Ги додавате јајцата, павлаката, ванилата, сода бикарбоната и брашното. Мешате додека да добиете хомогена смеса.
  3. Вака приготвената смеса ја истурате во калап, претходно премачкан со путер и обложен со хартија. Го печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, односно додека не се зацврсти средината.
  4. Следува подготовката на кремот. Во првиот чекор го разбивате путерот со шеќерот, потоа полека, по малку, ги додавате павлаката и ванилата и сето ова се меша многу бавно за да се поврзе.
  5. Со кремот може да го премачкате колачот и да го украсите по желба.

Предлог 1: Може да се направи прелив од пиво, шеќер, какао и путер и да се прелие колачот кога ќе се излади. На тој начин тој ќе биде повкусен и сочен.

Предлог 2: Овој колач на истиот начин може да се подготви и со кафе, односно количината на пивото да се замени со течност од кафе по желба.

Добар апетит!

Повеќе информации за часовите за готвење во рамките на проектот кој го спроведува Здружението за социјални иновации „АРНО“  во соработка со средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ прочитајте тука: https://www.facebook.com/coolinari.mk/

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата