Ручек идеја: Неодолива пилешка тава со павлака

Ручек идеја: Неодолива пилешка тава со павлака

Кога немате идеја за ручек тркнете во продавница и купете пилешко месо и павлака и направете вкусен специјалитет во вашата кујна

Состојки:

  • 3 пилешки копани
  • 6 кругови шунка
  • 200 гр кашкавал
  • 2 јајца
  • 1 павлака
  • оригано
  • сол
  • црн пипер
  • црвен пипер

Начин на подготовка:

  1. Половина час ги вариме копаните, а потоа го сецкаме месото и го редиме во подмачкано тавче со масло.
  2. Врз копаните се ставаат круговите шунка, па кашкавалот, ориганото и зачините. На крај ставете рамномерно во тавата од црвениот пипер.
  3. Во посебен сад се ставаат павлаката и јајцата, се матат, па се посипува најгоре од оваа смеса.
  4. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

 Повеќе рецепти на Gotvi.mk

Печени тиквички со пилешко и зеленчук

Салата со рукола и пилешко

Полнет ананас со ориз и пилешко

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО:  Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Многу вкусно: Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Pad Thai со пилешко

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text