Елина Гаранча го отвора Охридско лето – Еве што сака да јаде оперската дива

Елина Гаранча го отвора Охридско лето – Еве што сака да јаде оперската дива

За денес во 21 часот е закажано свеченото отворање на Фестивалот „Охридско лето“. Концертот на оперската дива, мецосопранката Гаранча ќе се случи на големата сцена на Античкиот театар во стариот град во Охрид.

Прочитајте која е нејзината омилена храна пред секој наспат, начин на исхрана, дали готви за членовите на своето семејство. Сето ова го открива во едно интервју за Литванската национална телевизија.

„Моите деца обожаваат тестенини, како и повеќето деца. За мојата најстара ќерка секогаш готвев дома и таа никогаш немаше пробано готова храна за деца од супермаркет. Јас сум единствената која готви по дома, но секако не поминувам премногу време во кујната – максимум 30-45 минути. Доколку сакаме да јадеме нешто посебно одиме во ресторан, но сè што готвиме по дома мора да биде брзо и здраво. 3 до 4 часа пред секој настап сакам да изедам полна чинија тестенини. После настапите јадам многу ретко“, изјавила Гаранча во интервјуто за Литванската национална телевизија.

ФОТО: Facebook

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Тајната на Ким Кардашијан за добра линија и борба со целулитот

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?