Вкусни макарони – специјалитет на грчки начин

Вкусни макарони – специјалитет на грчки начин

Направете вкусен грчки специјалитет. Овој оброк е доволен за четири лица и од него ќе бидат задоволни сите

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • 200 гр фета сирење
  • 100 гр маслинки
  • 2 главици кромид
  • 4 домати
  • 200 мл супа
  • 200 мл бело вино
  • 2 лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Макароните сварете ги во солена вода, а во меѓувреме исечете го кромидот на коцки и пржете го на маслото. Доматите попарете ги со врела вода, па излупете ги.
  2. Во кромидот додадете ги супата, виното и ставете да се динста.
  3. Потоа, во динстаната смеса се ставаат макароните и доматите, сол, бибер и други зачини по желба.
  4. Додадете ги фета сирењето и маслинките исечени на кругчиња и сервирајте топло.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk

Макарони болоњезе

Неодоливи посни макарони

Макарони салата

Макарони во бел сос

Макарони со сланина

Канелони болоњезе

„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет