„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

Новоотворениот комплекс „Македонско село“ е лоциран во с. Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“. Комплексот е изграден во традиционалниот дух на македонската архитектура од 19 и 20 век, составен од шеснаесет автентични куќи со вкупен сместувачки капацитет од 100 гости.

Македонско село 8

Посетителите на “Македонско село” ќе можат да уживаат во богатите вкусови на храната и амбиентот на трите ресторани: „Македонски Ан“, „Антигона“ и „Етно“ бар кои нудат различна гастрономска понуда.

Македонско село 9

Сите страсни љубители на чаша добро вино во винската визба на “Македонско село” ќе имаат можност да ги дегустираат, купат и научат нешто повеќе за најубавите македонски вина кои се надалеку познати по својот врвен квалитет.

Македонско село 6

Етно амбиентот на комплексот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните стари занаети карактеристични за нашето поднебје. За најмладите, децата, живописноста на македонското село ќе биде збогатена со домашни животни.

Македонско село 2

Повеќе фотографии погледнете на Facebook страната на Тинекс.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Проверете кога имате автобус до „Македонско село“ – ЈСП со нова автобуска линија

Автентични куќи, хотел, ресторани… Отворен комплексот „Македонско село“

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Ѕирнете во внатрешноста на комплексот „Македонско село“

„Патлиџан туризам“ – Еве како поминале туристите викендов на грчката граница

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

 

singlepost_text