Касато торта по најбрз рецепт – изненадете ги саканите

Касато торта по најбрз рецепт – изненадете ги саканите

Направете ја оваа торта за која ви е потребно околу еден час. Верувајте, прсти ќе излижете 🙂

Состојки:

  • 1 маргарин
  • 2 чоколади
  • 150 гр шеќер во прав
  • 500 гр бисквити
  • 200 мл млеко
  • 3 жолчки од јајце
  • 200 гр желе
  • 100 гр суво грозје
  • 200 гр ореви
  • 15 гр кокос
  • 100 гр крем банани

Начин на подготовка:

  1. Нека се растопи маргаринот, а во меѓувреме додајте го шеќерот и едно од чоколадите во садот и мешајте. Откако ќе се олади ставете ги и жолчките од јајце и матете да се соедини.
  2. Направете ја смесата: Скршете ги бисквитите, испрскајте ги со малку ладно млеко, додајте пола од иситнетите ореви, крем бананите и желето, а потоа ставете кокос и суво грозје во садот.
  3. Мешајте со половина од смесата со чоколадо и маргарин, па додајте ја останатата половина.
  4. По еден час откако тортата ќе се излади, измешајте ја смесата со втората половина од чоколадото и маргаринот и ставете прелив па вратете во фрижидер.
  5. Одозгора украсете по желба. Ние направивме шлаг од преостанатите белки, а најодозгора ставивме чоколадни мрвици на Краш.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

singlepost_text