Направете колачиња со мармалад и шеќер во прав кои имаат одличен вкус.
Состојки:
- 4 јајца
- 4 шолји шеќер
- 2 шолји зејтин
- 3 шолји гриз
- 2 шолји брашно
- 1/2 прашок за печиво
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Се матат јајцата со шеќерот, а потоа се додаваат другите состојки. Матите додека да добиете компактна смеса.
- Се става да се пече во тавче на кое претходно сте ставиле хартија за печење.
- Исечете на парчиња со модли или мали чашки и секое од парчињата се мачка со мармалад, па убаво се поминува во шеќер во прав.
Добар апетит!
Поврзани рецепти на Gotvi.mk
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди