Мусака со пире и кашкавал – секој залак е сочно искуство

Мусака со пире и кашкавал – секој залак е сочно искуство

Ако не знаете што да направите за ручек, а ви здодеа од вообичаените јадења, ви нудиме мусака на еден поинаков начин. Мусака со пире и кашкавал е крцкаво и сочно задоволство во кое ќе уживате.

Состојки:

  • 800 гр компири
  • 50 мл млеко
  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици исечкан кромид
  • 100 гр кашкавал
  • 40 гр путер
  • сол
  • бибер
  • зачини

Начин на подготовка:

  1. Варете ги компирите откако прво ќе ги измиете и излупите, па ставете ги путерот и млекото и направете пире.
  2. Испржете го кромидот во тава заедно со месото и солта, биберот и други зачини по желба.
  3. На тава ставете слој од пирето, па месото, па пире, па месо… додека има смеса, а најгоре ставете го ренданиот кашкавал.
  4. Печете 15 минути на температура од 200 степени.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Една поинаква мусака

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Плескавица во пица лепче со кајмак

Мусака на коцки

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо