Наместо диета – 10 начини да ослабете без откажување

Наместо диета – 10 начини да ослабете без откажување

Познато ви е дека за симнување на некој килограм вишок треба послабо да се храните, а повеќе да се движите. Сепак, научниците кои се занимаваат со диети и начини на исхрана докажаа дека можете да слабеете успешно и без откажувања.

Наместо класичните диети, придржувајте се до овие 10 совети кои ќе ве донесат чекор поблизу до совршената линија.

  1. Јадете со обратната рака. Ако сте деснак, јадете со лева рака и обратно. Ќе се зачудите по колку кратко време ќе се почувствувате сити. Причината е едноставна – ќе јадете поспоро и ќе оставите време информацијата за ситост да стигне до мозокот.
  2. Јадете чили. Заради лутиот вкус е одличен за забрзување на метаболизмот, што значи дека е добар за согорување на калориите. Започнувајќи од денес, чилито нека ви биде главен зачин во секој специјалитет. Секако, не претерувајте 🙂
  3. Јадете ги јаболката со кора. Киселината во кората од јаболката содржи киселина која го разбива холестеролот и шеќерот во крвта.
  4. Одберете пудинг за појадок. Житарките и овошјето се без конкуренција, но и пудингот помага. Дури 78% од испитаниците во едно истражување ослабеле појадувајќи незасладен пудинг, за разлика од останатите кои внесувале јаглехидрати. Не заборавајте и дека омилената висококалорична храна треба да ја консумирате за појадок за да има доволно време да се свари и да не се таложи.
  5. Не ги мешајте намирниците. Кога јадете еден плод или еден вид на храна, телото побргу се заситува. Задржете се до ова правило.
  6. Јадете полека. Бавното џвакање е карактеристика на сите слаби луѓе. Додека џвакате брзо трошите помала енергија, а внесувате двојно повеќе калории.
  7. Користете голем прибор за јадење. Веќе одамна е докажано дека малите и полни порции побрзо го заситуваат желудникот заради перцепцијата на „полна чинија.“
  8. Дружете се со луѓе кои се хранат здраво. Излегувајте со личности кои исто така се грижат за својата линија. Останатите мотивирајте ги да го прават тоа.
  9. Јадете во мирно опкружување. Кога сте во пријатна атмосфера со мирна музика имате време за бавно џвакање и поголема можност за разговор, поради што ќе правите поголеми паузи. Спротивно од тоа, брзата музика и гужвата во ресторанот, создаваат неосетен стрес поради кој можно е прејадување.
  10. Стиснете ја дланката кога ќе посакате нешто слатко или калорично. Стиснатата дланка ја зголемува нашата волја и среќа, заради што поголеми се шансите да ги одминете слатките или калоричните грицки.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Со Нордиска диета слабејте без гладување

Протеините – основа на ефикасните диети

ВАЖНО: 5 намирници за рамен стомак ова лето

Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

 

Преземено од Хајд Парк

singlepost_text