Направете една поинаква салата со неодолив вкус.
Состојки:
- 1 чаша ориз
- 4 чаши вода
- 3 моркови
- 150 гр сирење
- 150 гр павлака
- 3 лажици мајонез
- 1 краставица
- магдонос
- буковец
- масло
- сол
Начин на подготовка:
- Го вариме оризот во водата со малку масло и сол, а откако ќе биде готов го цедиме и ставаме во посебен сад.
- Ги сечеме морковот, краставицата и сирењето и ги мешаме со оризот.
- Ги додаваме павлаката и мајонезот и мешаме додека не се соедини.
- Декорираме со буковец, магдонос и малку краставица одозгора.
Поврзани вести на Gotvi.mk
Неодоливо: Топ 10 мафин рецепти
ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки
Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири