Ако сакате идеја за ручек, тогаш направете тиквички со сирење. Брзо, лесно и едноставно, за неколку минути ќе имате многу вкусен ручек на маса.
Состојки:
- 4 тиквички со средна големина
- 300 гр сирење
- 1 лажица гриз
- 1 јајце
- лук
- сол
- оригано
- маслиново масло
Налин на подготовка:
- Тиквичките исечете ги и издлабете ја средината.
- Смесата која останала измешајте ја со сирењето, сол, ориганото, гризот, јајцето и лукот.
- Тиквичките наполнете ги со добиената смеса.
- Наредете ги во плех за печење подмачкан со масло и печете на 180 степени 15тина минути.
Поврзани вести на Gotvi.mk
Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек
Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук