Еве како се движи цената на лубеницата во Скопје

Еве како се движи цената на лубеницата во Скопје

Во полн ек е бербата на бостан во струмичкиот регион – јавуваат струмичките локални телевизии и портали. Како што пишуваат ТВ Вис и Струмица денес, откупната цена на бостанот се движи помеѓу 6 и 8 денари за килограм.

Македонскиот бостан најмногу се извезува во Чешка, БиХ, како и во Бугарија, Романија и Белорусија. Дел од земјоделците се задоволни од откупната цена, а дел засадиле други култури демотивирани од ланските откупни цени и сушата.

12 до 15 денари за килограм – деновиве се движи цената за килограм на пазарите во Скопје, како и во големите маркети и локални продавници. Ако правиме проценка врз основа на искуствата од минатите години, ова е максималната цена на лубениците, а во наредниот период цената ќе се намалува и ќе достигне помалку од 10 денари за килограм вкусна и освежителна лубеница.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Смути од лубеница за почеток на денот – чувар на вашето здравје

ВИДЕО од кое ќе се воодушевите: Најлесен начин за да сервирате и јадете лубеница

Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија за многу здравје

ВИДЕО: Цел живот погрешно сме јаделе лубеница, погледнете како треба

ФОТО: Креативен начин за сервирање лубеница

Пет зрна аронија на ден за здраво срце

Рецепт со кој ќе живеете здраво и ќе изгледате одлично

Идеален за летото: Овој зеленчук го топи целулитот

singlepost_text