Тестенини можат да се направат на милион начини. Ние ви нудиме тестенини со павлака кои веднаш ќе ве освојат.
Состојки:
- 50 гр путер
- 200 гр павлака
- 2 кг јуфки
- 2 јајца
- 250 гр сирење
Начин на подготовка:
- Се варат тестенините, се цедат и се враќаат во тенџерето со путерот. Се прави смеса со мешање на путерот, павлаката, јајцата и сирењето додека убаво не се соедини.
- Во сад за печење се става маслиново масло и се реди ред јуфки, ред од смесата. Постапата се повторува додека не се потрошат јуфките и смесата.
- Се пече во рерна 20 минути на температура од 180 степени.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка
Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак
Шпагети со гриловано пилешко и песто сос