Солените ролнички се идеално мезе за со пиво додека седите со пријатели во пријатен амбиент или пак, гледате некој спортски натпревар 🙂
Состојки:
- 350 гр лазањи
- 250 гр сирење
- 240 гр спанак
- 50 гр путер
- 50 гр кашкавал
- 1 чешне лук
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Сварете го спанакот, а откако ќе биде подготвен во блендер ставете го заедно со сирењето, лукот, путерот, солта и биберот.
- Откако сè ќе измешате, сварете ги тестенините, па исечете ги на мали ленти кои ќе ги полните со филот и свиткате во форма на ролнички.
- Најгоре ставете рендан кашкавал и ставете во рерна 10 минути на 200 степени.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Која е тајната за совршени лазањи?